Вечерва во центарот на Загреб ќе се одржи марш за зголемување на безбедноста во училиштата, по трагичниот напад на 20 декември, во кој животот го загуби едно дете, а наставничката и неколку ученици беа тешко повредени.
Маршот, кој започнува во 18 часот, го организираат три училишни синдикати, со повик до граѓаните да се придружат. Настанот ќе се одржи во знак на молк, без транспаренти, како почит кон жртвите.
Организаторите ги повикаа граѓаните од цела Хрватска да се соберат пред училиштата во своите места и да побараат подобра безбедност во образовните институции.