Во реакција на својот профил на Фејсбук на прес конференцијата на Бране Петрушевски, кандидатот за градоначалник на Куманово од СДСМ, Мартин Костовски, порача:
Голема нервоза во белата палата. Го извадиле Бране, човекот кој е директно против сиромашни работници и повисоки плати, да врти стари лаги и да ме клевети. Ама не кажа дека за истиве клевети веќе има и судска одлука – Бране изгуби во прв степен и треба да ми плати 2.500 евра отштета, пари кои штом ги добијам веднаш ќе ги донирам“, напиша на социјалните мрежи .
Клеветите не поминуваат, вистината во Куманови излезе на виделина.
Најголемиот криминалец е токму нивниот измеќар – Максим Димитриесвки. Тој што сега им се клања, за да го спасат од одговорност.
Нека продолжат вака, народот на Куманово гледа и добро знае. Следи голема казна на локалните избори. Народот не паѓа на коалициски математики.
А на Бране не може јас да му бидам крив што не е кандидат од ВМРО ДПМНЕ, никој во партија не го сака ниту за измеќар, седи си во Парламент и троши си ги парите, народот веќе ништо не очекува од такви како тебе – напиша Костовски.