МЕД објави јавен повик за изработка на План за управување за Паркот на природата „Езерани“

Македонското еколошко друштво (МЕД), преку проектот „Преспа – зелена и сина иницијатива: Зајакнување на заштитата преку истражување, едукација и комуникација“, проект за надворешни активности на Европската Унија кој се спроведува во соработка со Општина Ресен и Национален парк „Галичица“, објави јавен повик за изработка на План за управување и годишна програма за Паркот на природата „Езерани“.

Сите заинтересирани субјекти треба да ја достават потребната документација по пошта или лично, согласно тендерската документација, најдоцна до 3 септември 2025 година (среда) до 15:00 часот. При поднесувањето, понудите мора да содржат назнака „За јавен повик бр. 01/2025“ и текст „да не се отвора пред датумот за евалуација на понудите“.

Документацијата може да се достави на следниве адреси на МЕД:

  • Канцеларија Скопје – ул. „Тодор Скаловски“ бр. 9А, 1000 Скопје
  • Канцеларија Ресен – ул. „Гоце Делчев“ бр. 7, 7310 Ресен

Критериумите за евалуација и целосната тендерска документација се достапни на интернет страницата на МЕД: www.mes.org.mk, каде што може да се преземат и во ПДФ формат.

Заинтересираните субјекти може да поставуваат прашања исклучиво во писмена форма на е-поштата zaec@mes.org.mk, најдоцна до 26 август 2025 година.

Зачлени се на нашиот е-билтен