„Сега сме посветени на форматирање на опозицискиот блок, и она што е најважно да победиме во албанскиот кампус. И не сакаме да бидеме дел од некоја влада како губитници, туку како победници. Како луѓе со легитимитет. Убеден сум дека ќе победиме, тоа го кажуваат и анкетите. За да влезат Бугарите во уставот што е услов за за да продолжат преговорите за членство на Македонија во ЕУ, ние мораме да најдеме начин да ги убедиме ВМРО-ДПМНЕ да влезат во тој процес, затоа што без нив нема 80 пратеници во собранието. Ние немаме време и не сакаме да губиме енергија само да ги залажуваме граѓаните, дека правиме нешто, а правиме сосема друго,“ рече Изет Меџити, претседател на Демократското движење, во поткастот „Политиканти“ на Слободен печат.
Тој посочи дека нивната партија нема да биде дел од влада која нема да биде европски настроена. И дека друг пат нема за Северна Македонија.
„Топ приоритет за нас е европската интеграција, тоа го бараат и нашите гласачи, и затоа ќе инсистираме да се најде решение. Јас сум оптимист дека ќе се изнајде решение“, истакна Меџити во „Политиканти“.