Search
Close this search box.
Search
Close this search box.

Мелони пристигна во Киев, попладне средба со Зеленски

Италијанската премиерка Џорџа Мелони денеска вторник пристигна во Украина, а по посетата на Буча и Ирпиње, места во близина на Киев каде се вршени злосторства врз цивили, таа попладне треба да се сретне со украинскиот претседател Володимир Зеленски.

Мелони, откако се симна од возот со кој пристигна во Киев од Полска, рече дека и е „чест“ што е во посета на Украина. Украинските власти ја пречекаа со букет цвеќе.

„Тука сум да ги разберам потребите на луѓето кои се борат за својата слобода. Секогаш е поинаку кога ги гледате работите со свои очи и мислам дека тоа им помага на Италијанците да разберат“, рече Мелони,пренесе јавниот сервис РАИ.

Мелони, која стана премиерка во октомври, постојано изјавуваше дека има намера да го посети Киев пред 24 февруари, првата годишнина од почетокот на руската инвазија на Украина.

Нејзината десничарска влада ја поддржува Украина, иако има и проруски партнери во коалициската влада, особено шефот на Лига, Матео Салвини и лидерот на партијата Форца Италија, Силвио Берлускони, кој е личен пријател на Владимир Путин.

Застанувајќи накратко во Варшава за да се сретне со полскиот премиер Матеуш Моравјецки, Мелони рече дека Италија и Полска ќе продолжат со вооружување на Украина.

Во соработка со Франција, Италија на пролет треба да и го испорача на Украина одбранбениот систем земја-воздух со среден дострел МАМБА, но малку е веројатно дека Италија ќе испрати и борбени авиони.

„Мислам дека е практично невозможно за нас да испратиме италијански воени авиони“, изјави денеска за Ла Стампа италијанскиот министер за надворешни работи Антонио Тајани.

Треба да знаете
Moже да ве интересира