Мицкоски дезинформира, реагираа и судиите и обвинителите за висината на нивните плати

Мицкоски дезинформира, реагираа и судиите и обвинителите за висината на нивните плати. Тие, преку нивните здруженија, Здружението на судии на Северна Македонија и Здружението на јавни обвинители информираат за висината на платите во правосудството. Мицкоски денеска изјави дека судиите и обвинителите не ги заслужуваат ни сегашните плати, а не пак да бараат повисоки“, рече Мицкоски.

Тој рече дека чувствува мачнина од нивните барања и дека, според него, реформите во правосудството всушност се сведуваат на барања за зголемување на буџетите и платите, иако довербата на јавноста во овие институции е под 2%, рече Мицковски.

На оваа изјава реагираа и судиите и обвинителите и го демантираа премиерот со аргументи.

„По однос “вечната тема” платите на судиите во земјава, Здружението на судии јавно ќе ги обелодени фактите кои се проверливи и достапни за јавноста, а тоа е дека платите на најголем број на судии во Основните судови во РСМ, со фамозното „зголемување“ од 78 проценти, достигнува до 86.000 денари, а примањата на судските службеници се исклучително ниски и под просечната плата во РСМ. Ваквите плати на судиите и секако судските службеници се апсолутно најниските во регионот и пошироко“, се вели со реакцијата на Здружението на судии на РСМ.

Здружението на јавни обвинители за висината на платите укажуваат на новиот закон кој предвидува вкупниот буџет на институцијата да изнесува 0,5% од државниот буџет, а не од бруто домашниот производ и дека тоа е обврска која мора да ја почитува извршната власт.

Од здружението појаснуваат дека тие средства се наменети не само за платите на јавните обвинители, туку за целокупните трошоци на јавните обвинителства во државава.

На дезинформацијата што ја пласира Мицкоски кога вели дека буџетот на судовите до 0,8 проценти од БДП, а на обвинителите до 0,5 проценти од БДП што е два до три пати повеќе од некои земји членки на Европската унија, од Здружението на обвинителите укажуваат:

„Споредено со сите земји во регионот, а и пошироко, и по процентуален удел и по вкупен износ на средства, земјава се наоѓа на дното во однос на буџетските издвојувања за оваа намена. Јавните обвинители и јавнообвинителските службеници имаат најниски плати во споредба со сите останати земји во регионот. Бројот на јавни обвинители и на јавнообвинителска служба е далеку под европскиот просек, а сепак обвинителствата успеваат да го совладаат приливот на предмети и да решат по 20-тина илјади предмети годишно“, велат од Здружение на јавни обвинители.

Според Здружението на јавни обвинители токму овие факти ги препознава и Европската унија и од тие причини финансиската самостојност и обезбедувањето ресурси за обвинителството се меѓу клучните реформи кои се бараат од нашата земја, посочуваат од здружението.

Зачлени се на нашиот е-билтен