Премиерот Христијан Мицкоски ги оцени прашањата на новинарката на Ал Џезира Милка Смилевска поврзани со тендерот за униформи на МВР, како естрада и наведувачки, очигледно предизвикан од нервозата затоа што медиумите ја запознаа јавноста дека овој тендер вреден 3.8 милиони евра го добиле фирми, од кои едната е шивачки дуќан со двајца вработени.
Ова недолично однесување на премиерот кон интересот на медиумите и јавноста предизвика револт меѓу новинарите и како уште еден обид да се прикријат детали за начинот на кој е спроведена оваа јавна набавка. Некои мемдиуми овој однос на премиерот го оценија како навредувачки.
Во продолжение ви го пренесуваме целиот транскрипт од прашањата на новинарката Смилевска и Мицкоски, за сами да просудите за односот на премиерот кон новинарката:
Милка Смилевска: Веќе една година водите Влада и зсега разговараме за актуелен тендер кој е потпишан на почетокот на април и тука не се работи за никаква естрада, туку за трошење на јавни пари, авие кога дојдовте на власт ветувавте дека ќе имате многу одговорен однос кон јавните срдства кои се пари на граѓаните. Затоа ве молам уште еднаш за ваш коментар дали сметате дека може модно студио од Битола со двајца вработени и фира регистрирана 20 дена пред да се објави тендерот, да испорача унорми за многу важна полициска структура во вреност од 3,8 милиони вера.
Сите ние многу добро разбираме што е „рамковна спогодба“. Зошто тие две фирми? Една фирма која има долга традиција е одбиена. Зошто сите три фирми не го добиле бизнисот, туку биле избрани овие две?
Мицкоски: Повторно ќе се вратам на одговорот на суштината, а суштината е дека јавната набавка била отворена, без лимитирачки ограничувачки услови, како во минатото. Секој којшто имал интерес можел да се јави, а зошто таа не била одбрана претпоставувам има причина. Можеби цената што ја понудила била повисока?!? Дали нешто друго, не знам, но за тоа ќе треба да даде одговор министерството за внатрешни работи.
Инаку кога јас зборувам за естрада, а наведувачки прашања се естрада во смисла на тоа дека се обвинува априори без да се пренесат докази.
Ќе повторам, станува збор за рамковна спогодба во која што нема никакви облигации. Доколку фирмите, како што вие наведовувате, не се способни, немаат капацитет, не знаат да произведат таков вид на опрема, нормално дека договорот ќе биде раскинат и нема да има трошење на јавни средства, на јавни пари.
Ние не можеме сега да го раскинеме тој договор, пред да докажеме дека тие се неспособни, затоа што ќе имаме одговорност и ќе треба да плаќаме пенали.
Остевете дражавата да си ја врши својата работа, а ние ќе докажеме дека не се потрошил ниту еден фенинг народни пари.
Потоа Мицкоски повторно се насочи во одговорот кон работата на претходната влада и не сакаше повеќе да се задржува на оваа тема.
Сепак од одговорот на премиерот сосема јасно произлегува дека постапката за јавната набавка открива многу „дупки“ во нејзиното спроведување затоа што секој тендер треба да има јасни пропозиции и критериуми врз основа на кои од документите што се приложуваат, се утврдува дали некоја компанија има капацитет или не.
Не постои тендер, кој откако ќе биде отворен и откако ќе биде доделена обврската за извршување на јавната набавка, да предвидува проверка на капацитетноста, како што ја нарекува Мицкоски, отпосле. Тоа е крајно несериозен пристап и објаснување споре сите стандарди за спроведување тендери за јавни набавки.
Колешката Милка Смилевска која е дописник за Ал Џезеира Балкан беше во неколку пати навредувана на прес-конференција во Владата на Република Македонија од страна на премиерот Христијан Мицкоски откако премиерот беше јавно запрашан за криминалниот тендер за набавка на униформи за потребите на МВР.
Тој ја обвини новинарката дека прави естрада и дека се обидува да импутира скандал на досега „скандинавското“ владеење на ВМРО-ДПМНЕ за потоа уште по неделично да и се обрати дека ако сака интервју може да се договорат.