Мицкоски гледа решение за загадувањето во гасни централи, ама дур се изградат ќе се задушиме

Премиерот Христијан Мицкоски изјави дека гасните централи може да бидат решение за загадувањето, но процесот за нивна изградба ќе трае со години. Според него, најдобриот начин за намалување на загаденоста е промена на системот на затоплување во периодот од ноември до март, со фокус на еколошки горива, како што е централното затоплување, наместо фосилни горива.

„За да се остварат овие промени, потребно е да се изградат гасни централи. Работиме на тоа, а еден инвеститор веќе покажал интерес. Но, ќе биде потребно минимум 2 до 3 години за да се изградат овие централи и уште 5 до 6 години за да се изградат топловодни мрежи“, изјави Мицкоски, додавајќи дека ова го потврдува како инженер.

Премиерот зборуваше по завршувањето на централната литургија по повод Божиќ.

Зачлени се на нашиот е-билтен