Мицкоски го сфати укорот на родителите: Ги прочита имињата на загинатите во Кочани

Мицкоски

Премиерот Христијан Мицкоски ја искористи Меѓународната конференција за Кочани и ги прочита имињата на загинатите во пожарот во Кочани, откако претходно родителите и роднините на 63-те жртви на пропустите на ситемот, изразија револт од комеморативната седница во Собранието на 12 март.

„Оваа голема не среќа се случи само 8 месеци откако јас станав премиер. Само 8 месеци, од моето управување со државата се случи да се плати сметката за еден девастиран систем кој беше уништуван со децении. Денот на несреќата не беше само најтешкиот мој ден како премиер, туку тоа беше најтешкиот ден во мојот живот како човек. Кој е виновен за сето ова? И јас го поставувам ова прашање и на ова мора да даде одговор не некаков преки суд, не јавноста туку обвинителството и судовите. Но воедно мора да говориме и за вината во креирањето на тој систем кој потфрли, каде со децении и години се креира тоа диво месо кое стигна до нашите најмили“, рече Мицкоски.

Луѓето чии животи згаснаа не се бројка, туку судбини. Личности, рече тој и ги прочита имињата на загинатите:

Алексова Стефанија, Џамов Јорданчо, Трајчев Иван, Ѓоргиев Џоко, Коларов Александар, Величков Иван, Стојанов Андреј, Антова Ивона, Христовски Павел, Димитријев Диме, Насевски Никола, Богданов Тоше, Тодоровски Тоше, Коцева Ана, Живков Адријан, Петрушов Гордан, Горгиев Игорче, Стевановски Филип, Стојанов Томче, Стоименова Моника, Стојанов Стојанчо, Пројковска Николовска Capa, Шопова Марија, Ивановски Петар, Ѓорѓиев Александар, Марковски Матеј, Закова Бојана, Василков Ѓорѓи, Петров Александар, Минова Драгана, Алексова Capa, Ѓорѓиески Андреја, Ивановски Филип, Јорданова Capa, Стрезоска Марија, Ефремов Александар, Велков Игор, Тасева Стојковска Лепа, Атанасовски Мартин, Алексов Александар , Минов Божидар, Милковска Кети, Златков Томас, Соколова Стефанија, Велков Леонид, Наунова Надица, Јорданов Виктор, Панов Андреј, Иванов Димитар, Стоименов Спиро, Владимиров Јове, Андонов Ице, Тасевски Стефан, Величков Ѓорѓи, Стојанов Александар, Христова Сања, Танески Дамјан, Спасова Моника, Лазаров Андреј, Карадакоски Александар, Гавриловски Александар , Стефанов Стојанче, Блажев Владимир Панчо.

Сепак, Мицкоски не пропушти целата вина да ја фокусира на претходната власт и инситираше на тоа дека трагедијата се случила само 8 месеци откакио станал премиери тоа го повтори неколку пати.

„Оваа голема не среќа се случи само 8 месеци откако јас станав премиер. Само 8 месеци, од моето управување со државата се случи да се плати сметката за еден девастиран систем кој беше уништуван со децении. Денот на несреќата не беше само најтешкиот мој ден како премиер, туку тоа беше најтешкиот ден во мојот живот како човек. Кој е виновен за сето ова? И јас го поставувам ова прашање и на ова мора да даде одговор не некаков преки суд, не јавноста туку обвинителството и судовите. Но воедно мора да говориме и за вината во креирањето на тој систем кој потфрли, каде со децении и години се креира тоа диво месо кое стигна до нашите најмили“, рече Мицкоски.

Зачлени се на нашиот е-билтен