Мицкоски и Касами се сликаа на пат кој не води нигде

Премиерот Христијан Мицкоски денеска беше во посета на Тетово, каде што заедно со градоначалникот Биљал Касами извршија увид и се сликаа на булеварот Видое Смилески Бато.

Асфалтирана и завршена е првата фаза од овој булевар, на потегот од Фуштанска до село Порој во тетовско, во должина од 650 метри, но сепак овој булевар нема да може да се користи бидејќи вториот, подолгиот дел, од 1133 метри се уште не е направен.

Тоа може да се види и од фотографиите кои ги објави премиерот Мицкоски на кои се гледа дека асфалтираниот булевар за кој се сликаа со Касами завршува со земја и паркирани багери.

„Овој значаен инфраструктурен проект опфаќа изградба на коловоз, разделен појас, тротоари, како и комплетна подземна инсталација, фекална и атмосферска канализација, водовод и електрика. Булеварот ќе биде долг 1.783 метри, а со првата фаза успешно се реализираат 650 метри“ рече Мицкоски.

Зачлени се на нашиот е-билтен