Search
Close this search box.
Search
Close this search box.

Мицкоски им се пофали на граѓаните на Петровец каде се изнашетал низ Америка

„После Вашингтон и Њујорк, десетици средби со луѓе од најблискиот периметар на Претседателот Трамп и нашата, македонска дијаспора, пред тргнување за Македонија малку слободно време и прошетка по омилената патека“, напиша на социјалните мрежи премиерот Христијан Мицкоски.

Тој посебно ги поздрави граѓаните од Петровец.

„Од Magnolia Bakery и West Village преку Soho и Tribeca до Ground Zero! Продолжуваме утре со Борче во Петровец. Македонија ќе биде повторно горда и ваша. Се гледаме во Петровец!“, порача премиерот од Њујорк и ја дополни објавата со фотографии од неговата прошетка.

Зачлени се на нашиот е-билтен