Мицкоски на промоција на оклопни возила STRYKER

Мицкоски

Претседателот на Владата на Република Северна Македонија Христијан Мицкоски ќе присуствува на промоција на оклопни возила STRYKER во касарната „Страшо Пинџур“ Петровец, соопшти прес службата на владата.

Оклопните возила STRYKER се набавуваат од САД како дел од договорот за опремување на АРМ со лесни оклопни возила.

Во рамките на соработката со САД се реализираат два договори на принципот Влада-со-Влада, станува збор за лесните оклопни возила од типот JLTV и STRYKER.

До овој момент се пристигнати сите JLTV – лесни оклопни возила вкупно 96, а на овој настан се промовираат првата испорака на дел од возилата STRYKER, 17 од предвидените 42.

Зачлени се на нашиот е-билтен