Мицкоски најави усвојување на уставните измени заради сценариото Македонија во ЕУ заедно со Укарина, Црна Гора и Албанија до 2027 година

Мицкоски

Во врска со пристапувањето во ЕУ, премиерот Мицкоски вчера на ТВ Канал 5, рече дека постои опција Северна Македонија да стане дел од блокот, но без право на глас, што би се случило во 2027 година, како дел од сценарио поврзано со мировниот план за Украина.

Изјавата на премиерот доаѓа еден ден откако српскиот претседател Александар Вучиќ изјави дека се согласува Србија да стане дел од ЕУ без право на глас.

„Постои идеја што се слуша сè погласно во Брисел и околу неа, а таа го вклучува мировниот план за Украина, во кој во пракса интеграцијата на Украина, а со цел идна реконструкција, во рамките на ЕУ, би била по побрза траекторија. Ова би било непринципиелно кон Западен Балкан и постојат две сценарија. Добро е што сме во обете сценарија. Првото сценарио е Украина, заедно со Црна Гора, Албанија и Македонија, да стане членка на ЕУ и на почетокот на 2027 година да седне на маса, македонското знаме да се вее во Брисел, но без право на глас. Да учествува во работата на советот, комитетите, телата, со многу механизми за внатрешна контрола“, рече македонскиот премиер.

Тој додаде дека постојат два задолжителни услови – заедничка надворешна политика и безбедносна политика и владеење на правото. На прашањето дали условите вклучуваат уставни измени, тој рече дека „претпоставува дека ќе биде така, бидејќи тоа го усвои претходната влада“.

– Оваа интеграција ќе се случи во 2027 година. Вториот услов е другите земји од регионот, Босна и Херцеговина, Србија, Косово и Молдавија, да се приклучат на ова.

„Ова се слуша во Брисел, ова се слуша во Минхен, но зависи од многу параметри, од мировниот план за Украина, од консензусот за можен мировен договор итн. Светот се менува динамично и ќе продолжи да се менува, мора да бидеме паметни, да ги предвидиме овие промени и да се адаптираме“, рече премиерот.

Зачлени се на нашиот е-билтен