Мицкоски не го кажува фаворитот за гувернер, ама се шпекулира дека е Ставрески

Председателот на ВМРО-ДПМНЕ, Христијан Мицковски, во изјава за медиумите потврди дека се водат разговори со претседателката на Собранието за изборот на нов гувернер на Народната банка, и дека тие ќе продолжат во наредниот период. Мицковски истакна дека рокот за избор на гувернер е 21 мај, и дека до тогаш ќе биде избрана личност на оваа функција.

„Во разговорите со претседателката ќе продолжиме да ги разгледуваме опциите, но по истекот на мандатот на сегашната гувернерка, нема да оставиме празен простор, ќе имаме избран гувернер“, изјави Мицковски.

Тој одбегна да го открие својот фаворит за оваа позиција, но потврди дека во јавноста се шпекулира за неколку кандидати, меѓу кои и поранешниот министер за финансии, Зоран Ставревски, сегашниот министер за економија, Трајко Славевски, како и актуелната гувернерка Анита Бежовска.

Извори од ВМРО-ДПМНЕ наведуваат дека фаворит на Мицковски е Зоран Ставревски, кој и денес е активен како советник во партијата, и се смета за “министер за финансии во сенка”. Ставревски, според овие информации, секој ден патува од својот дом на Водно во кабинетот во Белата палата, каде раководи со финансиските прашања на државата и контролира општинските буџети, пишува Либертас.

Изборот на нов гувернер, се додава, ќе зависи од тоа дали Ставревски ќе прифати да ја преземе оваа функција, што според некои извори може да биде ограничено поради неговата здравствена состојба. Меѓутоа, одлуката ќе биде и политички чувствителна, бидејќи Ставревски е познат по својата улога во скандалот со аудио бомбите од времето на владеењето на Никола Груевски.

Најмалку шанси за повторен избор на сегашната гувернерка Анита Бежовска, според политички извори, има, имајќи предвид дека Мицковски сака да постави своја доверлива личност на оваа клучна позиција.

Зачлени се на нашиот е-билтен