Мицкоски не ја „гугла“ ценовната реалност – нема информација за поскапувања на храната

Иако токму тој ја воведе мерката цените на производите да бидат јавно достапни онлајн, премиерот Христијан Мицкоски денеска рече дека нема информација за големо поскапување на храната откако заврши мерката за ограничени маржи. Изгледа, или не ја проверува сопствената онлајн платформа или интернетот му е во прекин.

„Ги следиме состојбите“, рече премиерот, иако граѓаните веќе алармираат за сериозно зголемување на цените, особено на основните прехранбени производи. Но Мицкоски е спокоен – два дена претходно, министерот му покажал бројкии тие не покажувале аларм.

„Немам таква информација дека има ценовен шок“, додаде тој, со целосна убеденост дека ако нешто и се случи, ќе има мерки. Ќе се применат на крајот на месецот, ако тогаш некој конечно му каже.

Но, сепак, предупреди – трикови нема да се толерираат. Посебно не оние каде трговците, преку „маркетинг и ПР услуги“, си ја вратат старата маржа на мала врата. За овие сценарија, Мицкоски изрази вознемиреност. Не заради цените, туку заради тоа што некој си дозволува да биде покреативен од владата.

Од Аеродром, каде поставуваше камен-темелник за нова спортска сала (бидејќи темелници се далеку попопуларни од корекција на цени), премиерот соопшти дека до крајот на месецот ќе излезе пред партискиот врв со имиња за нови градоначалници.

Зачлени се на нашиот е-билтен