Мицкоски не одговори дали ја прифаќа поканата на семејствата на починатите са средба во Кочани, денеска ќе отвора градинка во Инџиково

Мицкоски не одговори дели ја прифаќа поканата на семејствата на починатите са средба во Кочани, денеска ќе отвора градинка во Инџиково.

Семејствата на починатите сметаат дека Мицкоски треба да дојде на средба во Кочани, беше истакнато во писмото до медиумите во кое информираат дека не ја прифатиле поканата од Кабинетот на Мицкоски за средба во Владарапоради нејзиното доцнење.

„Во врска со телефонската покана од Кабинетот на Премиерот Христијан Мицковски за остварување средба со нас, родителите на трагично починатите деца во дискотеката „Пулс“, закажана за 13 мај 2025 година во 15:00 часот во Скопје, Ве информираме дека поканата не ја прифаќаме поради нејзиното доцнење“, се вели во соопштението. „Истовремено, Ве известуваме дека Премиерот беше поканет од сите родители на починатите деца да дојде во Кочани и таму да се организира средбата, во форма и содржина каква што сметаат за соодветна.“

Во писмото на семејствата се вели дека „со оглед на тоа дека дел од родителите не се во можност да патуваат поради последиците од трагедијата што се случи на 16 март 2025 година во дискотеката „Пулс“ во Кочани, сметавме дека предлогот за средба во Кочани е разумен и оправдан“.

Владата вчера извести дека денеска 11.05.2025 година (недела) во 12:30 часот претседателот на Владата на Република Северна Македонија Христијан Мицкоски ќе изврши увид на градежни активности на проектот изградба на детска градинка во населено место Инџиково, во Општина Гази Баба.

Зачлени се на нашиот е-билтен