Со ништо не предизвикан директно од говорницата на Собранието за време на седницата за пратенички прашања, премиерот Мицкоски сепак не се воздржа да одговори на критиките зошто го немаше три дена во јавноста додека траеше вревата околу враќањето и „апсењето“ на Артан Груби.
„Тишината нив ги оптеретува, тие се навикнати на парада, камери, лисици, понижувања, омаловажувања, тие не се навикнати на соопштенија за јавност или кратка изјава и тоа ги мачи затоа што конечно доаѓа времето на наплата на она кое што во назад во времето било погрешено“, нагласи меѓу другото претседателот на Владата, Христијан Мицкоски на денешната собраниска седница за пратенички прашања, одговарајќи за концесиите за канабис и акцијата која се спроведува.
Премиерот Мицкоски воедно нагласи дека не случајно акцијата е работена подолг период и не случајно почетокот започна кај нашиот северен сосед и тука има можеби дилема зошто баш таму се појави, а можеби одговорот ќе се најде во новата пи-ар стратешка група која ја води политиката во опозицијата или во хотел Парк во центарот на Скопје.