САД и Македонија постигнаа Рамковен договор за реципрочна, фер и балансирана трговија. Договорот предвидува, со изградбата на гасниот интерконектор со Грција, Македонија да ги диверзифицира изворите на енергија, вклучително и преку купување на американски течен природен гас.
Ова го форсираат како постигнување македонските владини функционери, вклучувајќи го и Мицкоски, но изоставаат да кажат дека и договорот за откуп на течен гас од терминалот Александропулис и интерконекторот се постигнати во 2020, односно во 2023 година.
Освен договорите и фотографските записи го потврдуваат тоа, па така на нансловната фотографија за овој текст јасно стои дека одобрението за изградба на интерконекторот бр. 24УП-182/2023 е од 2 ноември 2023 година.
Да, точно е самата изградба на терен официјално започна во јули 2025 година, но фер е да се каже дека целиот процес беше форсиран и завршен од 2020 до 2023 година.
Во 2020 година стана јасно дека ќе биде неопходна изградба на интерконектор кој ќе ги поврзе двете страни на границата за да може непречено да се пренесува течниот гас (LNG) од гасниот терминал Александопулис, кој започна со работа на 1 октомври 2024 година.
Учеството на нашата држава во проектот Александропулис со договор за закуп на гас се покажа како визионерски за новите царинско-трговски односи на Северна Македонија со САД.
Еден од елементите на новиот договор за царини е директното поврзан, односно, условен со купување на американски енергенси поврзување од инфраструктурните проекти кои сега го обезбедуваат тоа, односно гасниот терминал во Алексадропулис, Грција и интерконтекторот со Грција, кои ги обезбеди претходната влада.