Search
Close this search box.
Search
Close this search box.

Мицкоски влече кон Трамп, Љутков во друштво на критичари на Маск

Во изминативе денови, премиерот Христијан Мицкоски упорно се фали дека е присутен во салата каде се одржа инагурацијата на новоизбраниот американски претседател Доналд Трамп и дека се труди да ги зајакне економските односи меѓу Северна Македонија и САД.

Сепак можеби не сите министри во кабинетот на Премиерот го делат ставот дека Трамп е значаен за македонската економија?

На овие фотогорафии може да се забележи дека министерот за култура, Зоран Љутков е во друштво на словенечката министерката за дигитално општество која е жесток критичар на технолошкиот магнат Илон Маск кој пак стана дел од администрацијата на Трамп за иновации и технолошки развој.

Љутков и Емилија Стојменова Дух неодамна во Словенија беа заедно на богослужба во македонската црква „св Климент Охридски“.

Зачлени се на нашиот е-билтен