Мицкоски во тивка одбрана на обвинетата претседателка на ДКСК Татјана Димитровска

Премиерот Христијан Мицкоски најави дека наскоро патничките возови во земјава ќе се движат со 160 км/ч а товарните со 110 км/ч токму во моментот кога зад него во Долно Лисиче поминуваше товарен воз | Фото: Vlada.mk

Премиерот и лидер на ВМРО‑ДПМНЕ, Христијан Мицкоски, изјави дека пратеничката група на владејачкото мнозинство нема да иницира постапка за разрешување на претседателката на Државната комисија за спречување корупција (ДКСК), Татјана Димитровска.

„Имам чувство дека некои поединци се обидуваат политиката да ја претворат во естрада. Уставот ни покажа дека таквите иницијативи не носат резултат: поднесовме барање за разрешување на членовите на Судскиот совет, тие сè уште седат таму и земаат илјадници евра од граѓаните. Естрадата нека им остане на естрадните уметници, политиката на политичарите“, рече Мицкоски во изјава за новинарите по настанот во Тетово.

Според премиерот, одговорноста на јавните функционери има две димензии: морална и кривична. „Моралната подразбира сам да се повлечеш ако си згрешил, а кривичната е работа на обвинителството и судовите. Ако има елементи за кривично дело, институциите нека постапат, но ние нема да ја претвораме собраниската говорница во театар“, додаде тој.

Мицкоски нагласи дека владата нема намера да поднесува нови иницијативи за разрешување на функционери само „за дневнополитички поени“, оценувајќи дека „граѓаните очекуваат резултати, а не спектакли“.

За што е обвинета првата антикорупционерка:

Зачлени се на нашиот е-билтен