Мицкоски за царините од САД: Веројатно се направени грешки, ќе се обидеме да ги корегираме

Премиерот Христијан Мицкоски денеска на прес-конференција коментираше за царините од 33% што САД ги воведоа за Македонија, нагласувајќи дека најверојатно се направени грешки.

„Работиме со нашите партнери и очекувам дека ќе се коригира ова што изгледа е резултат на некаква грешка. Нашата трговска размена со нашите партнери е во дефицит, и земјите кои се во дефицит не се соочуваат со вакво зголемување на давачките од страна на САД. Во континуиран контакт сме со кабинетот на Трамп и со американската амбасада, со надеж дека ова ќе биде исправено во најскоро време“, изјави Мицкоски.

Зачлени се на нашиот е-билтен