Мицкоски за платите пред да стане премиер: Не само минимална, туку зголемување на сите плати

Мицкоски

„Македонија е меѓу трите најсиромашни држави во Европа. Вредноста на потрошувачката кошничка постојано се зголемува. Владата мора да има поголемо чувство за потребите на граѓаните. Треба да се симнат розовите очила дека со минимална плата се живеело добро. Не се завршува работата само со зголемување на минималната плата, туку зголемување на сите плати со усогласување со кефициентот на сложеност, Да почитува диоговореното, на согласноста со Синдикатите и колективните договори коишто се на сила. Каква е таа социјална правда кога владата не ги почитва сопствените колективни договори“

Ова го зборуваше неколку месеци пред да стане премиер Христијан Мицкоскина прес конференција кога ја обвини тогашната Влада за платите, потсетува потпретседателот на Сојузот на синдикатите Иван Пешевски.

„Некои забораваат, некои паметат, јас лично ги чувам сите Изјави кои вределе внимание. Што е добро фалам, што не – кудам. Но, денес во позиција на Премиер (Мицкоски) го зборува токму спротивното од ова“, напиша Пешевски на социјалните мрежи.

Пешевски напиша дека оваа влада треба навистина треба да ги симне розовите очила и да се покаже политичка волја за зголемување на платите.

„Не смее Влада да кажува договорете се со работодавачите, бидејќи они се во ситуација да ги намалат платите, а не да ги зголемат (кога би можеле)“, истакнува потпретседателот на ССМ.

Тој најави дека ќе следува период кој освен со протести и штрајкови, работниците не ќе можат да обезбедат поголеми плати

„Останува на нас колку и кога ќе добиеме. Не е лесно да си власт, уште потешко да не си! Работници време е за обединување, но не заборавајте дека имаше денес синдикати кои не побараа плата за Вас на Економско-социјалниот совет“, порача потпретседателот на ССМ Иван Пешевски.

Зачлени се на нашиот е-билтен