Од адвокатската канцеларија, која го застапува поранешнио директор на Управата за безбедност и контраразузнавање на Македонија Сашо Мијалков, демантираат дека тој некогаш поседувал земјиште во Морани, за што Рацин.мк објави текст со наслов „Плацот во Морани пак на продажба: државата го продава имотот на Мијалков“.
„Вистината е дека никогаш не сум го поседувал и немам никаква поврзаност со тоа земјиште и заради тоа не можело да ми биде конфискувано, и тоа еднаш веќе категоришно го демантираше Мијалков откако беше објавена претходната понуда“, се вели во демантот на адвокатската канцеларија на Сашо Мијалков.