Search
Close this search box.
Search
Close this search box.

Министерката Петровска на состаноци во седиштето на НАТО во Брисел

 Министерката за одбрана Славјанка Петровска денеска и утре во Брисел ќе учествува на состанокот на Северноатлантскиот совет на НАТО, на ниво министри за одбрана, како и на повеќе состаноци кои се организираат на маргините на министерската средба.

На министерскиот состанок, како што соопшти Министерството за одбрана, се очекува да стане збор за подготовките за претстојниот НАТО Самит во Вилнус, Литванија во јули 2023 година, како и за чекорите за зацврстување на концептот на Алијансата за одбрана и одвраќање, а ќе стане збор и за потребата за одржување на вложувањето во одбраната со минимум 2 отсто од бруто-домашниот производ.

Според агендата, министерката Петровска ќе учествува на состанокот на Контакт групата за Украина предвоена од САД, на Комисијата НАТО – Украина каде учество ќе земат и министрите за одбрана на Шведска и на Украина како и високиот претставник на ЕУ, Жозеп Борел, а ќе се сретне и со колегите-министри за одбрана од земјите на САД-Јадранската повелба.

Министерката во седиштето на НАТО ќе учествува и на состанок посветен на мултинационалните сили на НАТО во Латвија под раководство на Канада, каде македонски војници се дел од словенечкиот контингент.

За време на состанокот на Северноатлантскиот совет на НАТО, како што е наведено во соопштението од МО, планирани се и повеќе засебни средби со министри за одбрана од сојузничките земји

Извор МИА

Фото:  Министерство за одбрана

Зачлени се на нашиот е-билтен