Мирчева: Жртвата може, но држвата не смее да му прости на насилникот

Мирчева

Жртвата смее да му прости на насилникот. Но, државата не смее го прости насилството. Државата мора ди крај да ги истера работите. Додека полицијата и судот донесат одлука за забрана за приближување, насилникот може неколку пати да ја убие жртвата.  

Ова се само дел од поентите и пораките на Проф. д-р Стојанка Мирчева од Факултетот за безбедност на битолскиот универзитет од денешната тркалезна маса „Предизвици во обезбедувањето поддршка и заштита на жртвите на насилство врз жени и семејно насилство“, во организација на министерот за внатрешни работи.

Мирчева нагласи дека 15 години повикува мерката што и е доделена на полицијата, итната мерка за заштита за отстранување на насилникот од домот и забрана за приближување кон жрвта и кон членовите на нејзиното семејство, да се изрекува како полициско овластување.

Ова непостапување на полицијата е првата причина за континуираното насилство и за фаталните исходи кои се намножија во последните години.

„Јавно сум говорела дека повеќе од 36 часа се потребни додека предлогот на полицијата стигне до Граѓанскиот суд, таму каде што има дежурен судија, за судот повратно да ја изрече мерката. Во тие 36 часа додека судот треба да ја изрече мерката, пресметајте колку пати може насилникот да ја убие жртвата“, укажа Мирчева.

„Охрабрете се изречете ја мерката“ и порача професорката на припадниците на МВР и на полицијата.

Таа говореше за бројните штетните практики на различни институции коишто се често пати, според неа, се резултат на неразбирањето на родовото базирано насилство врз жените и семејното насилство и на културата на ненадлежност.

„Оваа култура на ненадлежност и штетните практики кај сите институции се плодно тло за пораст на насилството врз жените и во семејствата“, посочи Мирчева.

Таа оцени дека тоа е резултат на отсуството на обуки кои се предвидени во подзаконските акти и правилници

„Нема обуки, намести системска и континуирана обука, правилниците спијат во некоја фиока, ги блокираме обуките од 2021 година“, алармираше професорката.

Таа порача дека нејзиното обраќање треба да се прифати и како апел да запре минирањето на системот.

„Системот е миниран со тоа што не се гради родовото разбирање на насилството врз жените кај сите професионалци и преку професионалците кај пошироката јавност. Мислам дека македонското општество во вакви траорни ситуации покажува солидарност, покажува нетолрантност кон насилството врз жените и колку и да е тоа до следната жртва“, рече профсорката Мирчева.

Нејзиното обраќање на тркалезна маса „Предизвици во обезбедувањето поддршка и заштита на жртвите на насилство врз жени и семејно насилство“ таа го заврши со силна порака:

„Верувајте, жртвата смее да му прости на насилникот. Но, усвојувањето на таквата агенда  од институциите не смее да биде пристап на државата. Државата не смее да го прости насилството. Државата мора до крај да ги истера работите“.  

Зачлени се на нашиот е-билтен