Search
Close this search box.
Search
Close this search box.

Митева се обиде да ги релативизира скандалозните навреди на Мицкоски кон жените и заканите кон обвинителите и судиите

„Познавајќи го начинот на комуникација на премиерот, можам да ви кажам дека во ниедна состојба немало навреда во однос на ликот и делото на било која жена којашто се занимавала со општествена работа или е дел од политиката или жена во целост“, беше одговорот на портпаролката на Владата Марија Митева, на прашањето да го коментира ставот на нејзиниот шеф, премиерот Мицкоски, кој изјави дека нема да коментира обвинителки и судии кои што имаат добиено кога треба да апсат.

На дополнителното прашање „дали би го осудиле (премиерот), доколку би го кажал тоа“, Митева рече дека „дала соодветен одговор“.

Инаку, изјавата на Мицкоски беше оценета како скандалозна од страна на јавноста и како сериозна навреда кон жените кога на новинарско прашање за некои состојби во Судскиот совет рече:

 „Дали вие сте слушнале освен тоа, кога на некој обвинител, кога треба да потпише налог за приведување или претрес, му се слошило, добил дијареја, со гушење, покачена температура, или добила итн. Секогаш тие наоѓаат некаков начин да ја опструираат акцијата на органите на прогонот“, кажа премиерот Мицкоски во дел од својата вчерашна изјава, Директен повод е, како што сугерира и наративот на самото прашањето, вчерашниот одговор на прашање кон премиерот околу наводите дека претседателката на Судскиот совет, Весна Дамева, вложила заложби да ѝ биде продолжен мандатот за уште неколку месеци.

Дополнително, Мицкоски не остана само на тоа и ги повтори заканите кон обвинителите и судиите: „Ќе влеземе во една робустна акција и ако треба со тие корумпирани обвинители и судии ќе се справиме на поинаков начин“, рече тој.

Зачлени се на нашиот е-билтен