Моќна порака од Штип: „Го запаливте пламенот, спремете се за оган“

Фото: Од Фејсбук страницата Секојдневието на Штип
Фото: Од Фејсбук страницата Секојдневието на Штип

Во Штип вечерва во тишина, без говори и со пораката „Вие го запаливте пламенот спремете се за оган“ се собраа младите на Градскиот плоштад „Слобода“, изразувајќи го својот револт за несреќата во дискотеката „Пулс“ во Кочани, пренесе вечерва МИА.  

Тие мирно маршираа низ улиците во централното градско подрачје, поминувајќи покрај црквата „Свети Никола“, завршувајќи го маршот повторно на плоштадот „Слобода“.

Штипјани со длабока тага во потполна тишина им одаваат почит на загинатите во дискотеката во Кочани, меѓу кои и петтемина штипјани. 

Зачлени се на нашиот е-билтен