МОН објави дополнителен рок за пријавување за субвенциониран студентски оброк

Министерството за образование и наука (МОН) ќе овозможи дополнителен рок за пријавување за субвенциониран студентски оброк за сите студенти кои го пропуштија првичниот период од 1 до 5 ноември, соопшти Министерството.

Новото време за аплицирање ќе трае од 13 до 16 ноември 2025 година, а пријавувањето ќе се врши електронски преку платформата на МОН на следниот линк: e-uslugi.mon.gov.mk.

Студентите треба да ги пополнат формуларите Пријава за стекнување право на субвенциониран студентски оброк и Изјава за точност на внесените податоци, кои задолжително потпишани се прикачуваат преку електронската апликација.

Од МОН информираат дека сите студенти кои ќе го остварат правото ќе почнат да ги добиваат средствата во месецот што следи по месецот на пријавување.

За дополнителна поддршка околу процесот на апликација, Министерството обезбеди контакт преку Секторот за ученички и студентски стандард на следната адреса: subvencioniran.obrok@mon.gov.mk.

Извор: Министерство за образование и наука (МОН).

Зачлени се на нашиот е-билтен