Search
Close this search box.
Search
Close this search box.

МОН со нови услови за стипендистите во странство – Ако не му биде понуден ангажман во рок од шест месеци, на студентот не му престанува обврската да работи во државата

Државата и натаму финансиски ќе го помага студирањето на нашите граѓани на најдобрите светски универзитети, но под сменети услови, информира денеска министерката за образование, Весна Јаневска. На прес-конференција, таа рече дека конкурсите за доделување стипендии за академската 2025/2026 година се објавени, а крајниот рок за аплицирање е 12 септември.

Јаневска објасни дека за стипендистите останува обврската, по стекнувањето на дипломата, да се вратат во Македонија и да работат двојно повеќе време од времето на студирање.

– Има неколку новини во конкурсот. По враќањето, стипендистите треба да се пријават во МОН и за прв пат да се регистрираат на посебен дигитален регистар (e-registar.mon.gov.mk), кој го воведуваме оваа година. Тој ќе биде споделен со државните органи, универзитетите и со стопанските комори, во насока на полесно наоѓање соодветен работен ангажман. Ако не му биде понуден ангажман во рок од шест месеци, на студентот не му престанува обврската да работи во државата – информираше Јаневска.

Ако, пак, во рок од три месеци по дипломирањето се вработи во некоја компанија од Fortune top 500 листата во странство, тогаш студентот може да остане надвор од Македонија најмногу до три години. Тоа е со цел стекнување меѓународно корпоративно искуство, по што почнува да му тече обврската да работи во својата држава двојно повеќе време од времето на студирање. Доколку одлучи да не се врати во државата, односно не ги исполни обврските од потпишаниот договор, кандидатот ќе мора да ги врати средствата, онолку колку што му исплатило Министерството за студирање, и тоа најдоцна во рок од две години по завршувањето на студиите.

Зачлени се на нашиот е-билтен