Можело ли МВР да ја спречи трагедијата во Кочани?

EPA-EFE/GEORGI LICOVSKI

Неодамнешната трагедија во Кочани ја фрли на светло сериозната дилема за тоа дали надлежните органи, а пред сè Министерството за внатрешни работи (МВР), можеле да ја спречат или да се грижат за безбедноста на локалните ноќни клубови и кабареа пред да дојде до несреќата.

Имено, само три дена по трагедијата, на 19 март МВР соопшти дека презеле мерки за контрола на ноќните клубови и кабареа, но критиките кон нивното постапување не престануваат.

„По преземени мерки и активности, а во рамки на најавените контроли, полициски службеници од СВР Куманово затекнале лице (58) од Куманово, сопственик на кабаре од Куманово, како од неговото паркирано возило пред кабарето изнесува противпожарни апарати и ги внесува во клубот,“ се вели во соопштението на полицијата.

Веднаш по ова, полицијата спровела контрола и пронашла пиротехнички средства во клубот, што довело до одземање на тие средства, а сопственикот бил лишен од слобода и му биле издадени прекршочни налози.

-Македонска работа. Сега проверуваме ПП апарати.Утре (недај Боже) ќе падне кров па ќе проверуваме статика. Задутре ќе има струен удар па ќе тресеме објекти за електрична инсталација … Лежечки полицајци поставуваме откако ќе има жртви на тоа место. Секогаш мора прво бељата, па да реагираме, жално, коментираат граѓаните на социјалните мрежи.

Ова постапување на МВР потсетува на важноста на редовните контроли и на тоа дека можеби трагедијата во Кочани можела да биде спречена ако полицијата ја презела истата акција во тоа време.

Во прилог на ова оди и сознанието дека до полицијата во Кочани имало пријави за нарушување на јавен ред и мир.

Сепак, важно е да се постави прашањето: ако постапиле превентивно и исто како во Куманово, како и поплаките за нарушување на јавниот ред и мир, дали трагедијата би била избегната? И дали доволно е да се истакне дека постапиле по правилата, или е потребно нешто повеќе од само административна активност за да се обезбеди сигурност и безбедност за сите?

Зачлени се на нашиот е-билтен