Рацин.мк доби одговор на прашањата што ги доставивме до Министерството за надворешни работи за тоа зошто била организирана средбата со специјалниот пратеник на претседателот Трамп, Ричард Гренел, и извршниот директор на ЕКСИМ банката на САД, Џон Џованович во Њујорк.
Во дописот до нашата редакција е доставенлинк со објавата на министерот Тимчо Муцунски, објавена во 15.06 минути, односно, 1 час и 15-тина минути откако во МНР пристигнал нашиот мејл со прашања.
Еве информации за таа средба, според објавата на Муцунски на фејсбук:
На покана на специјалниот пратеник на претседателот Трамп, Ричард Гренел, и извршниот директор на ЕКСИМ банката на САД, Џон Џованович, присуствував на тркалезна маса во Њујорк.
На настанот учествуваа и претседателите на Косово и Албанија, како и министрите за надворешни работи на Албанија, Босна и Херцеговина, Хрватска, Србија и Црна Гора.
Разговаравме за регионални проекти и приоритети, со посебен акцент на економската и инвестициската соработка со САД – како двигател за развој, стабилност и нови можности за целиот регион.

Претходно Рацин.мк објави: