Министерот за надворешни работи и надворешна трговија, Тимчо Муцунски, во емисија порача дека британските медиуми шпекулирлаат во врска со темата за прием на одбиени баратели на азил во земјава,
Тој порачува дека нив нема да ги има на македонска територија во ниту една форма, ниту легални ниту пак нелегални, вакви, такви, никакви мигранти нема да бидат примени во нашата држава врз основа на која било форма на договор со Обединетото Кралството
„Ниту одбиени баратели за азил. Ниту ќе бидат во посебни… кажавме дека нема да има посебни центри, па видов опозицијата почна да шири хистерија – „да, нема да бидат во посебни центри, ќе бидат во станови“. Ни тоа, ни тоа нема да го има. Значи, никаков пакет поврзан со мигранти или одбиени баратели на азил нема оваа влада да склучи, ниту преговарала за такво нешто, ниту имала намера да преговара за такво нешто. Значи, се работи за целосно креирана лажна вест којашто на еден безобразен, штетен начин, се ширеше од главната опозициска партија во државата“, вели Муцунски.
Британските медиуми објвавија дека Македонија е во формални разговори со Обединетото Кралство за да биде домаќин на еден од центрите за враќање“.