МВР: Девојката што падна од балкон во Тетово, била психички и физички малтретирана, таткото сам се пријавил

МВР
Насилство врз жените, насилство Фото: Милена Ѓорѓевиќ/novinarkeprotivnasilja.org

МВР денеска соопштио дека на 16.03.2026 во 21:20 часот во СВР Тетово сам се пријавил А.А.(47) од Тетово и со него бил извршен службен разговор.

Имено, постапувајќи во врска со настанот од 14.03. во кој 19-годишна девојка од Тетово падна од балкон од куќата на нејзиниот дедо и која беше пренесена во Комплексот клиники „Мајка Тереза“ во Скопје, полициски службеници дошле до сознанија, односно било констатирано дека девојката била психички и физички малтретирана од нејзиниот татко А.А..

По насока од јавен обвинител А.А. е пуштен и по целосно документирање на случајот против него ќе биде поднесена соодветна пријава.

Зачлени се на нашиот е-билтен