МВР врши претрес во кафе барот “Класик”, сопственост на газдата на дискотеката „Пулс“ од Кочани, по трагедијата со пожарот
Министерството за внатрешни работи (МВР) денеска започна претреси во кафе барот “Класик”, кој е во сопственост на Дејан Јованов, газда на дискотеката „Пулс“ во Кочани, каде на 16 март 2025 година во пожар загинаа 59 луѓе, а околу 200 беа повредени. Извори од полицијата за МКД.мк потврдуваат дека претресите се вршат во рамките на истрагата.
По трагедијата, кафе барот “Класик” беше демолиран од страна на потресените и вознемирени граѓани. Покрај претресот во кафе барот, полицијата врши истражни дејствија и во подрачната единица на Државниот пазарен инспекторат во Кочани.
Во врска со пожарот во дискотеката „Пулс“, до сега се осомничени 34 лица. Истрагата обухвата 27 осомничени, три компании и седум полицајци од СВР Штип и полициската станица во Кочани.
Основниот суд во Кочани одреди мерка притвор од 30 дена за 24 лица, на барање на Основното јавно обвинителство, во рамки на истрагата за трагедијата во дискотеката „Пулс“.