Министерот за внатрешни работи, Панче Тошковски, сè уште не го соопшти својот став дали ќе си поднесе оставка. По барањата на родителите на жртвите од вчерашниот марш „22 март – За ангелите“, ТВ 24 побара коментар од МВР, но одговор не беше добиен. Родителите побараа оставки не само од Тошковски, туку и од премиерот Мицкоски, поради, како што истакнаа, несовесното работење на институциите.
Роднините на жртвите повторно го истакнаа барањето за оставка од Тошковски и од премиерот Мицкоски. Сепак, по шест месеци од несреќата, сè уште се чека оценка на обвинителниот акт за предметот „Пулс“, а обвинение за осомничените полициски службеници не е оформено.