И оваа сабота во центарот на Кочани се одржа „Маршот за ангелите“, организиран од членовите на семејствата на младите кои загинаа во пожарот во дискотеката „Пулс“ на 16 март годинава.
Министерството за внатрешни работи денеска не им дозволува на граѓаните од други градови да влезат во Кочани со цел учество на најавениот собир „Маршот за ангелите“.
Денешниот протест започна со изјава на Розета Џамова, сестра на починатиот Јорданчо Џамов, која потсети дека семејствата и натаму бараат одговорност од институциите за трагедијата и дека нема да се откажат од борбата за правда.