МВР распиша меѓународна потерница по Ива Михаилова

Министерството за внатрешни работи распиша централна и меѓународна потерница по 23-годишната Ива Михаилова од Кочани, по барање на Основниот суд во Кочани.

Според информациите од МВР, Михаилова се бара во врска со кривично дело опфатено со член 300 став 4 и член 297 став 3 од Кривичниот законик. Против неа се води судска постапка за сообраќајна несреќа со смртни последици.

Потерницата следува откако Михаилова замина во Бугарија, иако против неа важеа судски мерки на претпазливост. Претходно денеска, Основното јавно обвинителство Кочани достави предлог до судот за определување притвор.

Јавното обвинителство соопшти дека уште на 9 октомври 2025 година ѝ биле одземени македонскиот и бугарскиот пасош. Имала и забрана за преминување на државната граница со лична карта, забрана за напуштање на Кочани и обврска да се јавува кај службено лице.

Михаилова и нејзиниот бугарски адвокат тврдеа дека границата ја преминале преку официјален премин. МВР, пак, соопшти дека во системот за гранична контрола нема евидентиран нејзин излез од Македонија. Според проверките преку Заедничкиот контакт-центар, ниту бугарската гранична полиција евидентирала легален влез во Бугарија.

Судската постапка се однесува на несреќата од 7 октомври 2025 година, во која загина едно лице, а повеќе беа повредени, меѓу нив и Михаилова.

Рацин.мк ве прашува:

Кој е најодговорен за тоа што Македонија сè уште се задушува во диви депонии?

Најчитано

Рацин.мк ве прашува:

Кој е најодговорен за тоа што Македонија сè уште се задушува во диви депонии?