Министерот за внатрешни работи Панче Тошковски за медиумите изјави дека полицијата синоќа вршеле проверки во повеќе дискотеки низ земјава, како и во дискотеката „Пулс“ каде што синоќа изби пожар и загинаа најмалку 59 млади лица, а преку 100 се повредени.
Тошковски потврди дека еден полицаец загинал при пожарот во дискотеката „Пулс“, кој таму бил да врши проверка за дрога.
Иако, според оваа изјава на Тошковски, припадници на МВР синоќа биле присутни во дискотеката, но очигледно при проверката не пронашле малолетници, иако дел од загинатите и повредените се малолетни лица.
Министерот не одговори речиси на ниту едно прашање на новинарите.
МВР исто така е институцијата која издава одобрение и врши проверки за користењето на пиротехнички средства во затворен простор. Токму користењето на пиротехника е причината за пожарот синоќа, кога од прскалки биле запалени паноа над сцената во дискотеката.