На најтешко повредените во Кочани им требаат силиконски лепенки и креми, да бидеме хумани

Кочани

Support Kocani ја интензивира кампањата за донации и хуманитарна помош за лицата што настрадаа во пожарот во дискотеката „Пулс“ во Кочани.

Објавените фотографии сведочат за раните кај дел од најтешко повредените во трагедијата. Патот до закрепнувањето на овие рани ќе трае со години, па оттаму неопходно е да не запре поддршката за овие наши граѓани.

Граѓанската иницијатива Support Kocani информира дека силиконски лепенки и кремите се неоходни за континуираната здравствена нега и треба да бидат дел од приоритетите на хуманитарна помош за повредените од трагичниот настан.

Зачлени се на нашиот е-билтен