Онлајн медиумот Рацин.мк, во 2025 година регистрираше 7,4 милиони посети, што за 121% повеќе од претходната, 2024 година. Во 2025 година на нашиот портал дојдоа 1,2 милиони посетители, што е за речиси 40% повеќе од 2024 година.

Само во декември благодарение на довербата кон Рацин.мк, порталот го постигна рекордниот број посети во еден месец од 1,3 милиони корисници и го надмина претходниот највисок број посети во еден месец во ноември, кога имавме блиски до 930 илјади посети.

Ова е резултат на постојан и континуиран раст на посетеноста, којашто, без никакво сомнение, е резултат на вашата доверба кон Рацин.мк и на вашиот избор да побарате извор на содржини што поттикнуваат, прашуваат и предизвикуваат.
Ние во редакцијата остануваме посветени и благодарни затоа што вашата доверба за нас е поттик. Заедно градиме медиум, контекст и заедница со стремеж да ги почитуваме и следиме највисоките стандарди на журнализмот и на нашите читатели да им го испорачаме најважното на најдобар можен начин.
Рацин.мк им благодари на членовите на редакцијата, на продукцискиот тим, на колегите од дигиталниот тим, на колумнистите и другите аналитичари што ни се придружија и на сите останати во поширокиот тим што помогнаа да изградиме работна и креативна атмосфера.
Посебна благодарност на иницијаторите и инспираторите на концептот на Рацин.мк и на сите што помогнаа идејата да се претвори во тоа што е денеска порталот и што ни ја дадоа довербата да учествуваме во нејзината реализација.
Новата 2026 нека биде година на БУДЕЊЕ СО РАЦИН.МК.