Search
Close this search box.
Search
Close this search box.

На пет дена пред Нова година објавено кој ќе пее на плоштад „Македонија“

По неизвесноста дали воопшто ќе има организиран дочек на Нова година од страна на скопските власти, денеска, само пет дена пред новата година, беше објавено дека прослава на плоштадот „Македонија“ сепак ќе се одржи, со веќе утврдена програма.

Настапи ќе имаат:

„Sarah Mace & The Girlzz“
Магичната „Љубојна“
Рок-групата „Ареа“
Бендот „Нокаут“
Забавата ќе започне во 19:30 часот, се наведува во најавата на организаторите.

Според медиумите, организацијата на настанот ја презела компанијата „Спектаклум“, која била избрана преку јавен конкурс.

Организаторот на дочекот, компанијата „Спектаклум” посочува дека изборот бил направен откако бил распишан конкурс.

Од Комората на музичката индустрија деновиве информираа дека музичарите не ги добиле договорените хонорари за минатогодишниот дочек. На ова од Град Скопје одговорија дека на музичарите со кои не потпишале договори не им должат ништо.

Зачлени се на нашиот е-билтен