Револтот на граѓаните од неколку градови во Македонија и денеска се пренесува со блокади на патиштата на неколку правци.
Новинар на редакцијата Рацин.мк на регионалниот пат Градско-Прилеп, веднаш после Плетвар, известува за блокада, која предзвикува подолга колона возила во двете насоки.
За истата ситуација денека извествува и АМСМ. Во нивното соопштение се истакнува дека блокадата на оваа делница од регионалниот пат започнала во 11:30 часот.
На најавениот јавен собир на околу 150 лица од ромска националност поради измените на ЗБСП на крстосница за с. Ореовец на планински превој Плетвар на магистралниот пат А1 Прилеп – Градско, патниот сообраќај е во прекин во двата правци. На блокадата има поставено возила, гуми и други предмети.
Од истите причини, група граѓани блокирале една сообраќајна лента во Кичево во правец од Скопје према Охрид, возилата се пренасочуваат преку регионален пат за Осломеј, додека другата сообраќајна лента правец Охрид према Скопје е слободна за движење.