На премиерот му тргна со градинките, денеска ќе ја отвори „Сонце“ во Сопиште

премиерот

Претседателот на Владата на Република Северна Македонија, Христијан Мицкоски, денеска ќе присуствува на отворање на нова детска градинка во Сопиште.

Детската градинка „Сонце“, ќе овозможи згрижување и воспитание на 84 дечиња од предучилишна возраст и се наоѓа на локација која ќе одговара и на жителите од Долно Соње, Горно Соње, Добри Дол и Ракотинци. Во неа се предвидуваат јасли за згрижување на дечиња од 0 до 2 годишна возраст, како и две хетерогени групи за дечиња од 2 до 4 годишна возраст и група за дечиња од 4 до 6 годишна возраст.

Објектот е со вкупна нето квадратура од 362 м2 поделена во три занимални, дел за манифестации, административен дел, како и помошно технички дел. Средствата за изградба на оваа детска градинка се обезбедни од Владата преку Министерството за социјална политика, демографија и млади во висина од 21.000.000,00 денари.

Зачлени се на нашиот е-билтен