На судијата „ѕидар“ Ѓоко Ристов му е одземен имунитетот и му е определен куќен притвор

судијата

Судскиот совет на Република Северна Македонија извести дека денес на итната 535 седница донесе три одлуки и тоа: одлука за одземање на имунитет на судија, одлука за одобрување на мерка куќен притвор за судија и одлука за времено оддалечување на судија од вршење на судиската функција до правосилно завршување на кривичната постапка.

Трите одлуки се за судијата Ѓоко Ристов во чија семејна куќа во Неготино беа пронајдени 350.000 евра соѕидани во ѕид, што резултираше со кривична пријава за корупција.

Одлуките се донесени согласно барање на судијата на претходна постапка кој пак е поднесен по предлог на надлежното обвинителство кој одлучил како мерка за обезбедување присуство да побара определување мерка куќен притвор.

Во соопштението на Судски совет се напоменува дека јавноста беше исклучена само од расправата согласно член 43 став 2 од Законот за судскиот совет, за да не се наруши тајноста на истражната постапка при расправањето по конкретното барање од судијата на претходна постапка.

Зачлени се на нашиот е-билтен