Национален ден на Власите – 120 години празнување на традицијата, културата и вредностите

По повод значајниот јубилеј – 120 години од Националниот ден на Власите, влашката заедница во Македонија со гордост најавува свечена манифестација која ќе се одржи на 23 мај (петок), во Македонскиот народен театар (МНТ). Настанот започнува во 18:00 часот, со прием на гости од 17:30 часот.

Овој ден претставува симбол на историско признание, културниот идентитет и континуираниот придонес на влашката заедница во општествениот, економскиот и културниот развој на Македонија.

Настанот ќе биде збогатен со културно-уметничка програма и пригодни обраќања на високи претставници на институциите.

„Ова е наш ден, ден кога со гордост ја славиме нашата историја, култура и вредности. Упатувам топлата покана до сите граѓани – дојдете и бидете дел од овој голем празник. Влезот е слободен и сите сте добредојдени!“, порача претседателот на Партијата на Власите во Македонија (ПВМ), Стерјо Папули.

Свое обраќање ќе имаат премиерот Христијан Мицкоски, вицепремиерот Иван Стоилковиќ и претседателот на ПВМ, Папули.

Манифестацијата ќе биде отворена со настап на Хорот „Злата Мегленска“, а во продолжение следуваат настапи на реномирани уметници: Марија Костова, бендот „Бона Деа“ и Елена Џика од Скопје. Публиката ќе има можност да ужива и во изведбите на „Fiturlji di Shtip – Пеперутки од Штип“ и Леона и Ребела Јанкоски дует од Крушево, краток настап на дуетот Александар и Дац, како и изведба на групата „Армањ Пирифањ – Горди Власи“ од Скопје.

Зачлени се на нашиот е-билтен