Над 4000 спортисти од цел свет во мизерни услови во Скопје, јавен превоз на +40, таван врз глава и пукнати цевки од канализација

Наместо олимписко искуство за паметење, некои од младите учесници на Европскиот младински олимписки фестивал (ЕМОФ) ќе го запомнат Скопје по пукнати цевки и лоша логистика. Веќе на стартот на манифестацијата, спортистка од Шпанија преку видео на ТикТок саркастично се пожали дека „паднал покривот во тоалетот“. Не прецизираше дали се наоѓа во Скопје или Куманово, но нејзиниот случај брзо привлече внимание.

Бања во сместувањето на шпански спортистки во Скопје / Фото: ТикТок

Од македонскиот олимписки комитет велат дека инцидентот се случил во скопски хотел со четири ѕвезди и дека станува збор за пукната цевка. „Намокрен е плафонот и таблата од гипс картон паднала. Проблемот е саниран истиот ден и тоа не е тема денес“, изјави Даниел Димевски, претседател на МОК.

Но, проблемите не завршуваат тука. Младите спортисти, околу 4.000 на број, се оставени да се снаоѓаат сами низ градот. ЈСП вози по летен распоред, па на автобуските постројки често се гледаат редици од спортисти кои чекаат превоз, без јасни обележја или организирани шатл-линиски автобуси.

Иако ние сме навикнати на високите температури , за странските спортисти македонскиот топлотен бран претставува сериозен предизвик. Димевски потенцираше какви се мерки презела организацијата за нивна заштита.,,Она што ние како организациски комитет го направивме, ја удвоивме количината на поделена вода, не се штеди на вода, направивме медицински мерки кои се препорачани од меѓународниот олимписки комитет, во секоја сала има дополнителни количини на мраз.Спортскиот департмент од меѓународен европски олимписки комитет препорача промена на некои саатници така да се што беше планирано да се игра надвор во дел од денот кога температурата е висока се помести. – вели Даниел Димевски, претседателот на македонскиот олимписки комитет. Сепак, организаторите не дозволуваат овие логистички пропусти да ја засенат спортската страна на фестивалот. На денешната прес-конференција беше истакнато дека за само три дена се соборени бројни рекорди и дека Македонија има чест да угости млади, амбициозни спортисти од цела Европа.

Зачлени се на нашиот е-билтен