Наградата „Илија Жупаноски“ ќе се додели на 10 декември

Фондацијата „Метаморфозис“ објави дека официјалната церемонија за доделување на наградите „Илија Жупаноски“ ќе се одржи за време на затворањето на завршната сесија на 21. меѓународна конференција e-Society.mk.

Конференцијата е закажана за 10. декември во хотелот Холидеј ИНН во Скопје со почеток во 10.00 часот.

„На настанот ќе се одржи доделувањето на наградите „Илија Жупаноски“, со кои се признаваат исклучителни придонеси во професионалното новинарство, медиумската етика и известувањето во јавен интерес во Северна Македонија.

Оваа церемонија го почитува наследството на Илија Жупаноски и оддава признание на поединците и медиумските куќи што го унапредуваат интегритетот, транспарентноста и отчетноста во медиумскиот простор.

Презентери на настанот ќе бидат Елида Зилбеари, главна уредничка на Portalb и Билјана Георгиевска, извршна директорка на Советот за етика во медиумите на Македонија“ велат организаторите.

Наградите „Илија Жупаноски“ ќе се доделат втора година по ред.

Линк до целосната агенда: e-society.mk

Линк за регистрација: https://forms.office.com/e/yzsQgPCpjH

Рацин.мк ве прашува:

Дали имате доверба во квалитетот на храната што се продава во Македонија?

Најчитано

Рацин.мк ве прашува:

Дали имате доверба во квалитетот на храната што се продава во Македонија?