Search
Close this search box.
Search
Close this search box.

Најчевска до Богојевски „Глуп си како точак“, тој и посака добро здравје

Навреди и непримерно однесување за време на синоќешната дебата на Канал 5 телевизија, на која присуствуваа професорката Мирјана Најчевска и Петар Богојевски.

По одредено време од дебатата, атмосферата се вжешти и Најчевска нервозна го напушти студиото, а на Богојевски му рече – глуп си како точак. На излегување, таа рече дека телевизијата другпат треба да избере „соодветен соговорник за неа“:

„Јас со глупи како точак… Ова е глуп човек“, рече Најчевска, уште еднаш повторувајќи додека го напушташе студиото: „Глуп човек!“.

Петар Богојески се огласи со коментар по инцидентот со професорката.

„Почитувани граѓани, дозволете да се извинам за поведението на госпоѓа Најчевска во текот на денешната дебата на Само Вистина на Канал 5 Телевизија. Се надевам дека е се во ред со неа, посакувам добро здравје и да најде спокој во иднина.“ – напиша Богојевски.

Зачлени се на нашиот е-билтен