Во периодот од јануари до април 2025 година, вкупната вредност на извозот на стоки од Република Северна Македонија изнесувала 160,2 милијарди денари, што претставува намалување од 1,5 % во споредба со истиот период лани, соопшти Државниот завод за статистика.
Во истиот период, вредноста на увозот достигнала 229,4 милијарди денари, што е пад од 0,8 % во однос на првите четири месеци од 2024 година.
Најголеми трговски партнери на земјава остануваат Германија, Велика Британија, Грција, Србија и Кина, со кои е остварена 46,8 % од вкупната надворешнотрговска размена. Земјите членки на Европската Унија учествуваат со 60,6 % во вкупната трговска размена на Македонија.
Извоз (јануари – април 2025 во однос на истиот период 2024):
160,2 милијарди денари: ▼ 1,5 %
2,6 милијарди евра: ▼ 1,5 %
2,79 милијарди американски долари: ▼ 2,5 %
Увоз (јануари – април 2025 во однос на истиот период 2024):
229,4 милијарди денари: ▼ 0,8 %
3,73 милијарди евра: ▼ 0,8 %
3,98 милијарди американски долари: ▼ 2,0 %