Кривичниот совет на Основниот кривичен суд Скопје постапувајќи по жалба на Основното јавно обвинителство Скопје поднесена против решение на судија на претходна постапка од 12.07.2025 година, ценејќи ги наводите во жалбата како и одговорот на жалба, донесе решение со кое жалбата е основана и мерката куќен притвор за осомничениот С.Љ. ја замени со мерка притвор.
Имено, С.Љ. осомничен за кривичното дело Насилство, а поврзано со нападот на градоначалничката на Град Скопје, Данела Арсовска, кој на 12.07.2025 год. беше спроведен во судот, првично му беше определена мерка куќен притвор.
Но, советот смета дека опстојуваат околностите од чл.470 ст.1 т. 1 и 2 од ЗКП односно Опасност од бегство и Околности кои оправдуваат дека може да го повтори делото, па заради тоа му определи мерка притвор во скратена постапка.
По доставеното решение, од надлежната Полициска станица добиено е известување дека лицето е веќе спроведено во Затворот Скопје.